Во понеделник во официјалниот весник на Европската унија (ЕУ) ќе биде објавена листата на 19 физички и 9 правни лица против кои Брисел ги воведе последните санкции во врска со украинската криза, пренесува РИА Новости.
Санкциите ќе влезат сила од моментот на објавувањето на имињата на санкционираните, меѓу кои има и руски државјани. Одлуката за проширување на листата беше донесена на 29-ти јануари по бомбардирањето на украинскиот град Мариупол.
Тогаш министрите за надворешни работи од ЕУ одлучија да го продолжат дејството на индивидуалните санкции до септември 2015-та година.
Во моментов во оваа листа се вклучени 132 лица, меѓу кои има руски официјални лица и претставници на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република, како и 28 правни лица.