Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ го стави кредитниот рејтинг на Грција на разгледување, со можност за намалување.
Рејтинг агенцијата „S&P“ наведе дека на ваквиот потег се одлучила, бидејќи некои од мерките на новата грчка влада ја ставаат Атина во судир со нејзините меѓународни кредитори, пренесува агенцијата Франс прес.
„Според нашето мислење, доколку новата грчка влада не успее да постигне договор со нејзините официјални меѓународни кредитори за понатамошната финансиска помош, тоа дополнително ќе влијае и ќе ја ослаби кредитната способност на Грција“, се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата.