Советот на Европската унија на ниво на министри за економија и за финансии (Екофин) денеска и одобри макроекономска помош за Украина во висина од 1,8 милијарди евра (два милијарди долари).
„Европската комисија 1,8 милиајрди евра. Сега брзо треба да пристапиме кон практично искористување на пакетот“, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен по средбата со колегите од ЕУ.
Украина која води војна против проруските сепаратисти се надева и на помош од Меѓународниот монетарен фонд за да ја избегне инсолвентност, но некои економисти тврдат дека дефицитот изнесува 15 милијарди долари.
Програмата за ММФ за помош на Киев е во висина од 17 милијарди долари и украинските власти се надеваат дека новиот круг преговори, што се водат во моментот, ќе доведат до деблокирање на новите заеми.