Шпанскиот производител кој е дел од групацијата „Volkswagen“, објави фотографии и технички детали за спортските модели „Leon ST Cupra“ и „Leon ST Cupra 280“ кои ќе имаат премиера во март, на авто-саемот во Женева.
По „Golf R Variant“ со 300 ks, групацијата „Volkswagen“ на купувачите ќе им понуди уште еден спортски караван од средна класа.
„Seat Leon ST Cupra“ ќе се придружи на хечбек верзиите со 3 и 5 врати кои исто така ја имаат ознаката „Cupra“ на вратата на багажникот.
Понудата ќе опфати два модели, двата со четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинци. Послабиот мотор произведува 265 ks (195 kW), додека помоќната верзија има 280 ks (206 kW).
Двете погонски единици се во состојба да го достигнат максималниот вртежен момент од 350 Nm.
Помоќниот модел, „Leon ST Cupra 280“, достапен е и со изборен „DSG“ менувач со двојно квачило, кој му овозможува од место до „стотка“ да стигне за 6 секунди, што е за 0.1 секунди побрзо во споредба со стандардната верзија опремена со шестстепен мануелен менувач.
Максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h кај сите верзии.
Опремата на моделот „Leon ST Cupra“ вклучува и „DCC“ (Dynamic Chassis Control) систем кој овозможува подесување на суспензијата со цел возилото подобро се движи на патот при спортско возење.
Покрај тоа, автомобилот има и диференцијал за механичко заклучување и систем за електронска контрола на стабилноста, која по потреба може да се деактивира.
„Leon ST Cupra“ визуелно се разликува од стандардната караван верзија по предните странични отвори за воздух, аеродинамичките додатоци на праговите, задниот спојлер на покривот и браникот кој содржи дифузор и две масивни хромирани издувни цевки.
Спортски нагласената надворешност е потполнета со 18-инчните алуминиумски бандажи, кои се стандарден дел од опремата на автомобилот, додека верзијата со мотор од 280 „коња“ има 19 инчни тркала од лесна легура.
Фаровите и стоп-светлата се опремени со „LED“ технологија, спортските седишта имаат „Alcantara“ вештачка кожа, а сопствениците можат да уживаат во содржините на „Media System Plus“ мултимедијалниот уред кој доаѓа во пакет со 6.5 инчен екран чувствителен на допир.
„Seat Leon ST Cupra“ ќе биде изложен на штандот на шпанскиот производител на женевскиот автомобил кој ќе ги отвори вратите за посетителите на почетокот на март.