Според најновите извештаи кои овие денови кружат на интернет, германски „Mercedes-Benz“ e во рана фаза на развој на нова платформа која ќе се најде во повеќето идни електрични модели.
Новата платформа, која се нарекува „Ecoluxe“ која е дел од амбициозниот план вреден 2 милијарди евра, кој „Mercedes“ наскоро треба да го одобри.
Според информациите, платформата ќе биде лесна со цел да се надомести големата тежина на батеријата, но и модуларна за да се прилагоди на меѓуосовинските растојанија на идните модели.
„Mercedes“ засега планира четири различни модели на оваа платформа, но во иднина се очекуваат уште верзии.
Медиумите пренесуваат дека сите автомобили на оваа платформа ќе имаат погон на задните тркала и иновативен систем за управување со помош на сите четири тркала.
Првиот модел кој и натаму нема работно име, а ќе се појави во 2019-та или 2020-та, ќе има 544KS во стандардната „S“ верзија, односно 603 „коња“ во моќната „GT“ верзија.
Батеријата ќе биде поставена под патничките седишта и ќе има домет за барем 450km.