Русија ги има неопходните парични средства за да ја надмине кризата, која е причинета од историскиот пад на рубљата, без да ги погоди принципите на пазарната економија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.
„Земјата располага со потребните парични ресурси за да ги достигне своите економски цели. Ги има и потребните пазарни инструменти, за да гарантира соодветна побарувачка“, истакна премиерот на вонредната седница на Владата.
На седницата учествуваа министрите од економскиот сектор и директорите на големите компании извознички.