Женската тениска асоцијација (WTA) потпиша договор за продажба на телевизиските права за повеќе од 525 милиони долари во наредните десет години.
Според раководството на „WTA“ тоа е најголемиот договор во историјата на женскиот спорт. Женската „НБА“, на пример добива по 12 милиони долари годишно од „ESPN“, а сумата ќе се зголеми до 25 милиони долари во 2017-та година.
Здружението останува да работи со досегашниот партнер „PERFORM“, но ги зголемува параметрите на соработката.
Извршниот директор на „WTA“, Стејси Аластер го најави новиот договор како „Промена на играта“ и изјави дека ќе им даде на навивачите подобар пристап до натпреварите.
Новиот договор почнува да тече од 2017-та година и ќе доведе до емитување на околу 2000 натпревари на годишна основа. Според сегашниот договор со истата компанија за периодот од 2013-та до 2016-та година се емитуваат околу 1/3 од натпреварите во сингл за време на турнирите.
„Кое првенство во Северна Америка ги емитува само 1/3 од натпреварите?“, изјави Аластер.
Сега двете страни ќе формираат нова компанија – „WTA Media“, која ќе произведува сигнал од сите натпревари, како и од полуфиналето и финалето на двојки. Таа ќе треба да изработува содржини и интернет емитување, како и емисии.
Аластер изјави дека тенисот ќе добива просечно годишно над 50 милиони долари, за разлика од 22-те милиони во моментов.
„Овој договор доаѓа во време во кое гледаме кон хоризонтот и ќе имаме промена на посветеноста меѓу првите натпреварувачки, со што покажува длабочината и вредноста за зголемување на ѕвездите“, додаде таа.
„Ова е многу јасен сигнал до пазарот за вредноста на женскиот тенис за медиумските партнери, како и сигнал за потенцијалните спонзори“, рече уште Аластер.