Новата апликација за паметните телефони „Calorific“ им овозможува на корисниците во секој момент да дознаат колку калории внесуваат.
Имено, со помош на оваа апликација можете да дознаете како изгледаат 200 калории во било која намирнициа. А разликата е огромна – килограм тиквички има исто калории како една лажица мајонез или половина плескавица.
При правењето на оваа апликација, мерени се и сликани различните намирници во износ од 200 калории, така можете да знаете колку калории внесувате, а да не ја проверувате табелата со калории.
Ник Мулвани, кој работеше на оваа апликација, вели дека ја одбрале количината од 200 калории бидејќи тоа е „убава големина на порцијата“.
Интересно е што оваа апликација покажува колкава е разликата во калорискиот индекс на различните намирници. Така на пример можете слободно да изедете речиси 1,5 килограм зелена салата или да се одлучите за половина плескавица која има исто 200 калории.
Меѓутоа, исто така е важно да се нагласи дека не е се во калориите. Тоа јасно го покажува примерот со авокадото и мајонезот. Имено, иако и двете намирници се многу масни и калорични, авокадото е полно со здрави масти кои треба да ги внесувате, за ралика од мајонезот.