19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во Соединетите Американски Држави (САД).

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последните економски прогнози од февруари таа изнесува 2,9 отсто.

„Внимателниот оптимизам почна да ја освојува глобалната економија“, се вели во кварталниот извештај на ОЕЦД, кој сепак укажува на големи разлики меѓу земјите.

За САД, прогнозата за раст се зголеми на 2,6 отсто во 2024 година, во споредба со претходно прогнозираните 2,1 отсто.

Прогнозата за еврозоната беше благо зголемена, на 0,7 отсто, наспроти претходно очекуваните 0,6 отсто.

Тоа е, како што се наведува, сè уште умерен напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП