Италијанскиот производител на суперавтомобили разви линија на модели кои се „кројат по мерка“ или подобро кажано, според желбата на купувачите на кои „обичните“ модели не им се доволни.
„Ferrari“ неодамна низ Фиренца возеше четири примероци од својот „FF“ модел, возила со кои на најдобар начин беше демонстрирано што може и што нуди нивниот програм „Tailor Made“, кој во превод значи „скроен по мерка“.
Ова понуда им дава можност на купувачите, според својата желба и вкус да го стилизираат автомобилот кој ќе го купат и подоцна ќе го возат. Се може да се промени, од бојата на каросеријата, преку бојата на кожата во внатрешноста на кабината, дури и најситните детали на инструмент таблата.
За Вас одвоивме неколку фотографии кои припаѓаат на различни модели, така да не се обидувајте да ги искомбинирате во една целина, затоа што сината кожа со црвени детали, тешко дека ќе одговара со белото „Ferrari“.