Дали сте знаеле дека со помош на јајцата можете да се ослободите од лузните од акните, да ја хидрирате кожата и да ја негувате подобро од било кои препарати? Ви ја претставуваме најделотворната природна маска.
На кожата секојдневно негативно делуваат различни лоши влијанија, поради кои треба внимателно да ја негувате. Бројни научни истражувања покажаа дека протеините кои јајцето ги содржи (а има дури 69) ја одржуваат еластичноста на кожата, ги чистат порите и ги ублажуваат брчките. Исто така, тие помагаат кај осетливата кожа и ги решаваат проблемите со акните.
Од проблематична до блескава кожа…
Доколку вашата кожа е нормална, помешајте ја жолчкатата со свеж сок од морков или само рендан морков и малку млеко.
Ако вашата кожа е сува, на неа ставете мешавина од една жолчка и половина испасирано авокадо.
За масна кожа (и проблеми со акни) експертите препорачуваат маска од една жолчка, една супена лажица сок од лимон и една супена лажица мед.
Доколку вашата кожа е осетлива, би требало да и нанесете една жолчка и малку обичен јогурт. Ако сакате, можете да додате и малку мед.