30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Дефицитот најнизок од 2008 година

САД: Дефицитот најнизок од 2008 година

sad-amerika-sadsad47857

Американскиот буџетски дефицит во фискалната 2014 година, завршена на 30. септември, е најнизок во последните 6 години, благодарение на растот на приходите од даноците и економскиот раст.

Дефицитот во буџетот во една година заклучно со септември изнесувал 483 милијарди долари, 29 проценти помалку во однос на фискалната 2013 година, кога буџетскиот дефицит изнесувал 680 милијарди долари, пренесува Франс прес.

Дефицитот така се намали под три проценти од бруто домашниот производ, или поточно на 2,8 проценти, што е ниво последен пат забележано во 2007 година.

Буџетските приходи, благодарение на зголемените даноци, се зголемиле за девет проценти, додека јавната потрошувачка пораснала за само еден процент, наведува министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП