Заврши бербата на грозјето од годинашниот род на лозјата во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија, информираше денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари, Агротиквешија од Кавадарци.
Гроздоберот помина главно без проблеми. Мали проблеми имаше поради недоволната шеќерност кај одделни количини на грозје како последица на лошите временски услови кои ги имавме со чести врнежи од дожд оваа година. Како последица на лошото време имавме и помалку грозје, над 50 проценти помалку од лани. Договорените цени за килограм грозје главно се почитуваа со мали обиди за манипулации кои беа надминати, соопшти Аризанов.
Тој изрази задоволство и од извезените количини на грозје оваа година. најави дека податоците се сумираат и набрзо ќе се знаат точните бројки кои го карактеризираа гроздоберот оваа година.