Холивудските ѕвезди со својот екстравагантен накит заблескаа на црвениот тепих на Оскарите оваа година…
Шарлиз Терон, добитник на Оскар во 2004 година, носеше дијаманти вредни 4,5 милиони долари и тоа обетки од смарагд од 5 карати обложени со платина, „Vintage“ 1959 дијамантска „Lattice“ и „Cluster“ нараквица и дијамантски прстен обложен со платина.
Сандра Булок, добитик на Оскар во 2010 година, носеше дијаманти во вредност од милион долари, обетки, три дијамантски прстени и интересен и уникатен брош.
Популарната пејачка Адел, исто така, носеше дијамантски накит во вредност од милион долари, а нејзин избор беа „Winston Cluster“ обетки и прстен.
Џесика Честеин, номинирана во категоријата за најдобра актерка, ја украси нејзината тоалета со „Vintage“ 1696 обетки и „Vintage“ 1967 дијамантска и златна нараквица.
Најголемо внимание предизвика прекрасната Џесика Алба со својот раскошен „Mrs. Winston“ гердан, дизајниран од страна на популаниот јувелир Хари Винстон.
Наоми Вотс носеше накит во вредност од 1,5 милиони долари, вклучувајќи прекрасни обетки од 20- каратно злато и дијаманти и дијамантска нараквица.
Јенифер Гарнер својот „Vivienne Westwood“ фустан го закити со „Salvatore Ferragamo“ чевли и „David Webb“ луксузен накит.