Истражувањето кое го спроведе веб-порталот ,,Absolute return” , кој ги опфати компаниите од Северна и Јужна Америка со средства поголеми од една милијарда долари, покажало дека 305 приватни инвестициски фондови , располагаат со вртоглави 1,840 милијарди долари.
Таа парична маса се зголемува од месец во месец, каде на почетокот на годинава на цртата над милијардата биле 12 фондови помалце, а вкупните средства биле за 130 милијарди долари помалце.
Како што пишува ,,Волстрит журнал”, фондовите во јули поставија апсолутен рекорд и сега располагаат со многу повеќе пари отколку во 2007 година, кога почна финансиската криза.
Истражувањето покажало дека два од три хеџ-фондови на листата забележале годишно зголемување, а меѓу нив апсолутен лидер е ,,Бриџвотер асошиејтс”, кој располага со 93,7 милијарди долари.