30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ги претстави редизајнираните C-MAX и Grand C-MAX (фото)

Ford ги претстави редизајнираните C-MAX и Grand C-MAX (фото)

cmax

Двата „мини-ван“ модели на „Ford“ минаа низ визуелни и механички промени, меѓу кои вклучувајќи ја и впечатливата нова маска на ладилникот, а најзначајната е новиот дизел мотор.

Со оглед дека компанијата е во фаза на избор на еднинствен визуелен идентитет, за редизајнот на „Ford C-MAX“ беа потребни обемни промени на надворешноста кои највпечатливи се на предниот дел на автомобилот.

Големата предна маска, поради која „C-MAX“ имаше агресивен изглед, е променета, трансформирана по примерот на најновата генерација на модели на „Ford“.

cmax1

Поради тоа е редизајниран целиот браник, а нова форма добија и фаровите кои сега имаат симпатичен дизајн.

Промените на задниот дел се дискретни и ги опфаќаат стоп-светлата и вратата на багажникот.

Како и обично кога е во прашање редизајнот на некој модел, „Ford“ им понуди на купувачи и нови бои на надворешноста и други алуминиумски бандажи.

cmax3

На располагање е и новиот мултимедијален систем „SYNC 2“, кој дебитираше на редизајнираниот „Focus“.

Со него доаѓа осуминчен екран чувствителен на допир, кој замени голем број од копчињата во кабината. Покрај тоа, редизајниран е и воланот, но и комадите на клима уредот.

Покрај неизбежните нови материјали и дезени на седиштата, „Ford“ ја подобри и звучната изолација и ги намали вибрациите во кабината во текот на возењето, особено во верзиите со дизел мотори.

cmax4

„Ford C-MAX“ и „Grand C-MAX“ ќе бидат достапни со новиот 1.5-литарски „TDCi“ дизел со 120 ks, како и подобрениот 2.0-литарски „TDCi“ мотор во верзии со 140 ks и 163 ks.

Палетата на бензинци ќе ја сочинуваат 1.0-литарскиот „EcoBoost“ со 100 ks и 125 ks, како и 1.5-литарскиот „EcoBoost“ мотор во верзии од 150 ks и 180 ks.

„Ford“ соопшти дека на моделите за 2015-та го подобриле и управувачкиот систем, но и системот за суспензија.

cmax5

На располагање се бројни електронски безбедносни системи, како адаптивни фарови, систем за асистенција при паркирање, предупредување на можен судар со друго возило, систем за избегнување на судар при возење во град…

„Ford C-MAX“ и „Grand C-MAX“ зa 2015-та премиера ќе имаат на саемот за автомобили во Париз на почетокот на следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП