30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто црвеното вино е добро за вашето тело?

Зошто црвеното вино е добро за вашето тело?

200327514-001

Веќе е познато дека виното (во умерени количини: една чаша дневно) е добро за нашето срце, но исто така може да помогне и при намалувањето на килограмите, зајакнување на организмот, како и да и даде свежина на вашата кожа. Сепак, црвеното вино има уште неколку добри страни…

Стоп за мастите

Уште една добра причина за една чаша вино со вечерата: научниците од Универзитетот Улм во Германија откриле дека ресвератол, антиоксидант во лушпата од гројзето, ги инхибрира залихите на масти во масните клетки. Исто така, помага и во спречувањето на заболувањата предизвикани од деблина како што е дијабетесот и запушените артерии.

Го опушта телото

Антиоксидансите во виното помагаат при отшетена кожа. Можеби е време да пробате нешто ново, односно винската купка. Наполнете ја кадата и во неа ставете 20 капки масло од јасмин, една четвртина шоља масло од семките од грозјето, 1 шоља морска сол и 300 грама црвено вино. Уживајте во оваа купка 20 минути.

Безбедна маринада

Подготвувате скара? Универзитетот Порто во Португалија во едно истражување откри дека месото маринирано во црвено вино два часа пред подготовката има за 88 проценти помалку канцерогени материи во однос на немаринираното месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП