Hewlett-Packard – HP спрoтивно на очекувањата, објави денес раст на кварталниот промет.
Тоа е поттикнато со растот на продажбата од 12 проценти во секторот за минијатурни компјутери на овој американски информатички гигант.
HP за три месеци, до крајот на јули, односно во третиот квартал од фискалната 2013-2014 година, го зголеми прометот за еден процент, на 27,6 милијарди долари, додека тој една година претходно изнесуваше 27,2 милијарди долари.
Финансиските аналитичари предвидуваа промет од 27,01 милијарди долари.
Нето профитот, не сметајќи ги дополнителните елементи, забележа раст од три проценти, на 1,7 милијарди долари, што е 0,89 долари по акција, пренесува агенцијата АП.