30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ3.000 нарачки за новиот Airbus A330neo

3.000 нарачки за новиот Airbus A330neo

1744

Европскиот производител на авиони „Airbus“ соопшти дека веќе добил 3.000 нарачки за авионот А330neo, новата верзија на познатиот патнички авион А330.

„Airbus“ наведува дека добил 3.000 нарачки за производство на 3.083 авиони од 57 авиокомпании и светски компании.

Европскиот производител на авиони вчера соопшти дека започнува со производство на новата верзија на А330 со цел овој модел да биде попривлечен од авионот „Boeing 777“ на конкурентската компанија „Boeing“.

Од компанијата набројаа неколку досега примени нарачки кои се дел од големата побарувачка на овој авион, а тоа се јапонската компанија „SMBC – Aviation Capital“, која нарачала 110 авиони од овој тип за 11,8 милијарди долари. Малезиската нискобуџетна авиокомпанија „AirAsia “ која нарачала 50 А330neo за повеќе од 13 милијарди долари, и британската авиокомпанија „British Airways“ која нарачала 20 авиони.

Еден авион А330neo чини 102,8 милиони долари. Авиокомпанијата „Airbus“ со седиште во францускиот град Тулуз, настанала во 1970 година како резултат на соработката на Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП