Лоциран во еден од најскапите европски градови, овој хотел со неговата убавина е сместен во еден прекрасен пејсаж…
Во близина на ова одмаралиште се наоѓа и „Le Grand Casino“, едно од најбогатите и најпознатите во светот. Што се однесува на достапноста, интернационалниот аеродромот е на само 20 минути одалеченост. Овој хотел е одличен избор за оние кои сакаат тишина и одмор во вистински луксуз.
Супериорно опремен со префинети соби, врвни погодности и услуги, прекрасни простори за релаксација, панорамски поглед и елегантен ентериер, ова место претставува вистинскиот избор за оние кои имаат некој денар повеќе. Во хотелот има 334 соби и луксузни апартмани кои го одземаат здивот.
Хотелот поседува прекрасен базен, простор за сончање кој е опкружен со тропски билки и вештачки водопади кои создаваат прекрасна атмосфера. Тука е и ексклузивниот спа центар во кој можете да се опуштите со масажа или некој друг третман кој го посакувате.
Во ресторанот од хотелот ќе имате можност да ги пробате највкусните јадења и врвните и луксузни интернационални специјалитети.
Погледнете за што говориме…