Хрватскиот извоз во првите два месеци од оваа година е зголемен за 13 проценти во однос на истиот минатогодишен период, а увозот истовремено се зголемил за 4,3 проценти, покажуваат податоците на хрватскиот Државен завод за статистика.
Покриеноста на увозот во периодот јануари-февруари изнесува 60,7 проценти.
Во првите два месеци од Хрватска е извезена стока во вредност од 11,2 милијарди куни (1,47 милијарди евра), а увезена во вредност од 18,5 милијарди куни (2,4 милијарди евра).
Дефицитот во трговската размена со странство изнесувал 7,2 милијарди куни и е помал за 6,8 проценти во однос на истиот период минатата година.
Статистиката покажува на раст на извозот во првите два месеци во преработувачката индустрија, и тоа за 7,7 проценти на годишно ниво.
Меѓу одделните индустрии со поголем удел во извозот, извозот на нафтени производи падна за 12,4 проценти, на 142,7 милиони евра. Извозот на машини и уреди е зголемен за 17,1 проценти на 120,4 милиони евра, а 16,1 проценти е зголемен извозот на прехрамбени производи, на 98,3 милиони евра.
Во увозот во првите два месеци најголем раст забележаа прехранбените производи, со годишен раст од 16,3 проценти, на 211,2 милиони евра.