Просечната месечна нето плата во Хрватска за февруари изнесува 5,427 куни или 713 евра, додека бруто платата изнесувала 7,809 куни или 1,026 евра, покажуваат најновите податоци на Хрватскиот завод за статистика.
Просечната нето плата во јануари оваа година изнесуваше 5,553 куни или 729 евра, а бруто платата 8,007 куни или 1,052 евра.
Стапката на регистрираната невработеност за март оваа година во Хрватска изнесува 22,3 проценти, пренесува агенцијата АПФ.