Секој би сакал да заработува за живот работејќи го тоа за што е заинтересиран, но за жал тоа многу ретко се случува. Херојот на нашата инспиративна приказна, Пол никогаш не замислувал дека неговото хоби за правење на макети на „Formula 1“ болиди, всушност ќе му обезбеди работа во еден од најголемите „Formula 1“ тимови, но животот секогаш е подготвен на изненадувања.
Правењето модели на автомобили од комплет е една работа, но изработувањето на идентични реплики на „Formula 1“ болид од кутии од житарки и божиќни украсни хартии е сосема нешто друго.
Моделот на Пол на „Red Bull“ болидот „RB7“ има 6.500 делови, вклучувајќи го комплетниот мотор, суспензијата и кокпитот кои се толку детално и прецизно изработени и никогаш не би рекле дека е направен од хартија.
Неговите модели се толку импресивни, па не само што го привлекоа вниманието на публиката на интернет, туку и на експертите во тимот „Infiniti Red Bull“ кои одлучиле на овој генијален млад човек да му понудат работа во својата компанија.
На Пол за само еден ден во целост му се промени животот, ја замени хартијата, картонот и ножиците со карбон и врвен софтвер за моделирање во инженерското одделение на „Red Bull“ во кое работеше на болидот за актуелната сзеона „RB10“, а за својата нова работа изјави:
„Најдоброто нешто во работата за „Red Bull“ е тоа што ова е токму моето хоби“, вели Пол.