Во периодот од 2014 до 2020 година средствата што Шведска ќе ги издвои за меѓународна соработка и финансиска поддршка на земјите во Источна Европа, Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, и Турција, ќе изнесуваат околу осум милијарди круни (околу 900 милиони евра), јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Тоа, според денеска објавеното соопштение на Министерството за надворешни работи на Шведска, е нешто повеќе од обемот на средставата за истата намена во претходниот период.
– Важно е Шведска да продолжи со својата долгорочна одговорност за поддршка на земји кои сакаат да се развиваат во насока на слободни и демократски пазарни економии, вели шведската министерка за меѓународна соработка Хилеви Енгстром.