Јаболковиот оцет е богат со многу витамини и минерали, односно А, Б, Ц, флуор, фосфор, калциум, магнезиум, натриум и железо и содржи 13 есенцијални аминокиселини и ензими.
Јаболкото како главна состојќа има многу високи нутритивни својства, содржи бројни витамини и минерали меѓу кои можеби највредниот е пектин – диететско влакно растворливо во вода кое има способност за врзување на водата во гастроинтестиналниот тракт и на тој начин придонесува за чувството на исполнетост и ситост.
Освен како прилог во салатите јаболковиот оцет може да се користи и на многу други начини. Разреден со вода или нанесен директно на кожата, јаболковиот оцет е навистина еднакво вреден на злато.
Ова се придобивките од јаболковиот оцет:
– помага при грип
– помага при решавање на камен во бубрезите
– ја регулира pH вредноста во организмот
– помага при мачнина
– помага при алергии
– го намалува нивото на гликоза во крвта и делотворен е кај лицата со дијабетес
– ја ублажува мигрената и воспалението на мускулите
– делува анти-воспалително и помага при артритис
– помага при инфекција на дишните патишта и воспалените синуси
– го намалува крвниот притисок
– го намалува нивото на холестерол и помага при слабеењето
– многу е ефикасен во борбата против првут и иритација на скалпот
– ги решава проблемите со габички на вашите нокти
– ја смирува кожата оштетена од убод од инсект
– ги суши вирусните брадавици