Стапката на инфлација во Италија на годишно ниво во јануари беше на стабилно ниво од 0,7 проценти, соопшти денес Институтот за статистика Истат.
Инфлацијата во јануари на годишно ниво мируваше на 0,7 проценти, колку што изнесуваше во декември и ноември 2013 година.
Во однос на претходниот месец инфлацијата е зголемена за 0,2 проценти, се нaведува во соопштението на Истат.
Вклучувајќи ги цените на енергијата и прехрамбените производи, зголемувањето на цените се задржало на еден процент на годишно ниво, пренесува агенцијата АФП.
Потрошувачката кошница, вклучувајќи храна и гориво во јануари била поскапа за 0,3 проценти на месечно ниво, а за 1,3 проценти на годишно ниво, наведува Истат.
Долготрајната рецесија влијаеше на падот на цените, а двегодишниот негативен економски раст беше запрен во третиот квартал минатата година, со нула раст на БДП.