Овен (21.03 – 20.04)
Обидете се да го искористите вашиот шарм за полесно да се извлечете од некоја непријатна ситуација. Овој совет е применлив и во приватниот и во деловниот живот, само не треба да претерувате со цел следниот пат да не мора да одите уште подалеку.
Бик (21.04 – 21.05)
Луѓето се чувствуваат доволно несигурно во вашата близина така што не е потребно да го повторувате тоа. Силната волја е сјајна работа, но кога ги одбива сите од вас дури и кога на вас ви е добредојдена некаква помош, тогаш таа дефинитивно не ви е од корист.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Со многу ентузијазам пристапувате во решавањето на практичните проблеми особено ако деловниот партнер ви ветил дека дел од обврските ќе ги преземе тој. Тој можеби очекува од вас да бидете малку понеодговорни, затоа дадете му на знаење дека тој може да смета на вас. Немојте премногу да се трудите да покажете дека сте подготвени да соработувате со некој со кој до скоро не сте биле во добри односи, бидејќи некој едвај чека тоа да се случи.
Рак (22.06 – 22.07)
Станувате многу поодговорни и подготвени да се држите до договорите, или барем верувате во тоа. Повеќе ништо не оставајте на случајноста, и не им дозволувајте на другите да управуваат со вашата кариера. Трудете се да бидете фер кон сите, но заработката нека ви биде на прво место.
Лав (23.07 – 22.08)
Плановите што е потребно да ги реализирате ќе мора да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се приспособите на новонастанатата ситуација. Избегнувајте да се надевате премногу кога немате основа за тоа. Најдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.
Вага (23.09 – 22.10)
Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за Овен или Близнаци. Во пријателските односи сте исклучитело фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари, бидејќи денешната позиција на планетата Меркур во астролошкото поле на партнерските односи ви одговара.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе бидете пречувствителни и ако некој се обиде да ви наметне теми на коишто не сакате да зборувате, бидете отворени и кажете му дека ова не е вистинското време за такви разговори. Денес нема потреба да бидете перфекционисти. Направете ги работите колку што можете подобро, но не претерувајте, бидејќи тоа ќе ве исцрпи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ова не е ваш период – нервозни сте и загрижени. Имате проблеми со финансиите, сите нешто бараат од вас, па е препорачливо да броите до десет. И комуникацијата ви претставува проблем, сите ви се виновни, а зад се се крие вашата потреба за доминација.
Јарец (22.12 – 20.01)
Постојат многу работи кои го подобруваат расположението, а не штетат. Доколку сте осамени или се чувствувате така, релаксирајте се со филм или книга. Пожелно е да го избегнувате друштвото, никој нема да ги слуша вашите жалења. Внимавајте на работата, ви заостануваат премногу работни задачи.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не им дозволувајте на вашите стравови да ве „парализираат“. Не се плашете од нови работи, од промени или од преземање на ризик, затоа што ако се плашите, нервозата и стресот ќе ве поттикнат да направите погрешни чекори. Побарајте помош од близок пријател кој знае како „дишете“ и кој може да ви го даде правилниот совет.
Риби (20.02 – 20.03)
Одредени несигурности може да излезат на површина денес, особено ако се вреднувате себеси врз основа на заработените пари, успехот и материјалните добра. Ова е знак да погледнете длабоко во себе. Околностите секогаш ќе се менуваат, а вистинската самодоверба доаѓа однатре. Луѓето со кои денес ќе стапите во контакт повеќе ќе ги ценат фактите отколку вашите претчувства и чувства. Фокусирајте се на фактите и дистанцирајте се од емоциите.