Американската компанија „Discovery Communications“ постигна договор со француската телевизија „TF1“ за стекнување на контролен пакет во најголемиот спортски канал на Европа – „Eurosport“.
„Договорот за зголемување на уделот на „Discovery“ од 20 на 51% го забрзува првичниот договор постигнат во декември 2012-та година, за речиси една година“, се вели во заедничкото соопштение на двете телевизии.
Договорот ја одредува цената на „Eurosport“ на 902 милиони евра (1,22 милијарди долари). Во оваа сума не е вклучена цената на „Eurosport France“, локалната телевизија на компанијата.
„„TF1“ очекува да го задржи својот удел од 80% во „Eurosport France“ барем до 1-ви јануари 2015-та година“, се вели во соопштението.
Врз основа на договорот, „Discovery“ се согласува исто така да го купи преостанатиот удел од 49% на „TF1“ во „Eurosport“, ако француската компанија сака да го искористи своето право да го продаде.