Шпанскиот министер за финансии Кристобал Монторо изјави дека владата во Мадрид планира да го намали данокот на приход за семејствата со ниски приходи во следната година.
Според министерот, тоа нема да важи за побогатите се додека земјата не излезе од криза.
Монторо во своето интервју во еден деловен весник не наведе колку ќе биде намален данокот, ниту за кое ниво на приходи важи оваа нова мерка.
Администрацијата на премиерот Маријано Рахој предвидува дека шпанската економија ќе забележи раст од еден процент во 2014 година, по рецесијата во претходните години, изјави Монторо.
Рахој откако дојде на власт во 2011 година спроведе мерки за штедење со зголемување на даноците и намалување на трошоците со цел да се намали дефицитот.