Стопанската комора на Македонија денеска организира презентација за продажбата и маркетингот на меѓународните пазари со посебен осврт на Германија.
Целта на ваквиот вид презентации е да се поттикнат македонските компании да ги прошират своите извозни активности преку користење соодветни алатки за унапредување и зголемување на извозот.
Пред претставниците на компаниите ќе се обрати германскиот експерт хато Бренер, основач на консултантската компанија AWI International Services GmbH.