Турската компанија Џевахир Холдин денеска ќе го означи почетокот на продажба на становите од висококатниците во градба во општина Аеродром.
На прес-конференцијата по повод официјалниот почеток на продажба и отворањето на изложбениот салон ќе се обрати и Есер Џевахир, генералниот директор на Џевахир Холдинг.
Изградбата на четирите висококатници – проект на Џавахир Холдинг, е една од најголемите инвестиции во градежниот сектор во Македонија и чини 100 милиони евра.
Станбено-деловен комплекс во скопската општина Аеродром вклучува четири висококатници со 42 ката
и објект што ќе претставува деловен и трговски центар.
Во станбениот комплекс ќе има станови со вкупен капацитет за околу 5.000 луѓе.