На италијанската авиокомпанија „Alitalija“ неопходини и се 300 милиони евра за да може да продолжи со работа.
Како што пренесуваат локалните медиуми, раководството на Советот на директори на авиокомпанијата во соработка со владата е во потрага по партнер за докапитализација.
Од самиот почеток на кризата „Alitalia“ е фокусирана на интеграцијата со француско-холандската компанија „Er Frans-KLM“, која веќе е сопственик на 25 проценти од акциите во италијанската компанија. Но, на оваа компанија не и се брза да ја зголеми сопственоста во „Alitalia“
Премиерот на Италија, Енрико Лета, изјави дека во сегашните услови „Alitalia“ не може да го сочува суверенитетот.
Задолженоста на „Alitalia“ се проценува на 1,1 милијарда евра.