Двете автомобилски компании кои се под капата на „General Motors“ потврдија дека во иднина заедно ќе развиваат нови модели.
Меѓутоа, мометалната ситуација ни одблизу не е така идилична каде „Buick“ превзема два модели на „Opel“, серискиот модел од средната класа „Insigniа“ и „Mokkа“, додека за возврат „Opel“ ги доби услугите на Марк Адамс кој сега ќе раководи со двете компании.
„Мојата улога е да направам брендовите „Buick“ и „Opel“ да не пропаднат. Некои модели на „Buick“ и „Opel“ се близу да ги задоволат барањата на купувачите и со нивното соединување да почнат да растат. Меѓутоа, секој модел мора да биде направен според брендот. Купувачите повеќе несакаат ребрендиран инженеринг“, изјави Адамс.
Меѓу следните можни фокуси за „соработка“ се концептите „Buick Riviera“ и „Opel Monza“, кои се со многу слична концепција, но за различни целни групи.
Но нам ни се чини дека и овде станува збор за класична позајмувачка соработка, која повеќе пати е видена под капата на „GM“, каде некои брендови и немаат свои модели, туку вештачки се оддржуваат со користење на туѓа основа, а на донорите се препишуваат негативните резултати.