Како што беше најавено и претходно, „Asus“ сега и официјално го претстави новиот „PadFone Infinity“.
Главното подобрување на новиот „PadFone Infinity“ претставува 2.2GHz „qual core Snapdragon 800“ процесорот како и додатокот за „microSD“ слот, а тука е и другиот микрофон за поништување на бучавата.
„PadFone“ доаѓа во две верзии- 16GB и 32GB, иако се очекуваше повеќе простор за складирање на информации, нешто помалите бројки се разбирливи поради додатокот „microSD“ слотот.
„Asus“ објави дека овој уред доаѓа во две бои – титаниум црна и платинум сина.