Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската територија, во време кога Русија се подготвува да анектира делови од Украина, пренесува „Ројтер“с.
Бајден ги осуди референдумите спроведени од проруските сили во источна Украина и ги нарече „апсолутна лага“.
„Резултатите беа измислени во Москва“, рече Бајден по разговорите со лидерите на островите во Пацификот.