Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и дека граѓаните немаат причина за загриженост.
-Ќе поминеме преку тоа. Живееме во сериозни времиња – рече Шолц во видео порака емитувана денеска.
Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот, пренесува „Билд“.
Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба, нуклеарна енергија.
Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Шолц, додавајќи дека никој нема да биде оставен сам да се грижи.