„Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан“ е тема на работилницата што денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика и АКСЕР.
Целта на на работилница е презентација на крајните резултати на проектот на Аналитика и АКСЕР поддржан од РРПП програмата на тема „Миграција и развој во Албанија и Македонија: влијанието на дознаките од странство врз образованието и здравјето на членовите на семејствата останати дома“ и поттикнување на дебата на тема миграции и дознаки во странство во Македонија и регионот.
Резултатите од проектот покажуваат дека Албанија и Македонија се земји кои во голема мера се зависни од дознаки од странство, кои играат важна улога во обезбедување на дополнителна социјална заштита, искоренување на сиромаштија и слично. Освен тоа, дознаките од странство имаат клучна улога врз образованието и здравјето на членовите на семејствата кои остануваат дома.
Аналитика е тинк-тенк организација од Скопје, која има за цел подобрување на демократијата и доброто владеење во Република Македонија и регионот, а клучни области на истражување и делување се ЕУ интеграции, миграции, енергетика и безбедност.
АКСЕР (Албански центар за социо-економско истражување) од Тирана е истражувачки центар кој работи на истражувања на тема миграции и нивното влијание во Албанија.