Британските банки можеби го потценуваат ризикот и можеби ќе им биде потребен поголем капитал за да го корегираат тоа.
Оваа оценка на „Fitch“ е во согласност со извештајот на Банката на Англија, кој беше објавен во ноември 2012 година, во извештајот е наведено дека четирите најголеми британски банки – „HSBC“, „Barclays“, „Royal bank of Skotland“ и „Lloyds“ – можеби го преценуваат нивното ниво на капитал од 5 до 35 милијарди фунти, поради начинот на кој ги мерат ризиците.
Британскиот Оддел за финансиски услуги во моментов проверува на кој начин банките ја мерат ризичноста и до март ќе ги извести дали е потребно да го зголемат капиталот на резерви за да се заштитат од проблематичните кредити.
„Очекуваме дека банките ќе мора да издвојат на страна повеќе капитал, и оваа мерка најверојатно ќе биде спроведена постепено“, изјави директорката на „Fitch“, Клаудија Нелсон.
Таа, сепак, не објави колкава количина на дополнителен капитал ќе треба да обезбедат британските банки.