“The Joshua Tree” на ирскиот рок-бенд „U2″ е изгласан за најдобар албум на 80-тите години на минатиот век.
Објавен во 1987 година, овој албум го направи U2 еден од најголемите светски бендови, благодарение на химнитe како With Or Without You и Where The Streets Have No Name.
Слушателите на „Звуци на 80-тите“, програма на “Би-би-си радио 2”, го избраа за најдобар аудиозапис на деценијата, во анкетата по повод Националниот ден на албумите во сабота.
На второ место е Brothers in Arms на британските рокери „Дајер стрејтс“, а потоа следува истоимениот првенец на The Stone Rouses.
Сите, освен едeн од првите 20, се на мажи уметници, со исклучок на Hounds of Love на Кејт Буш, кој e на 11-тото место.
Албумите на Мадона, Џенет Џексон, Трејси Чепмен и Грејс Џонс се наоѓаат подолу на листата.