Многумина велат дека здравјето им е на прво место, но честопати се случува да не водат сметка за својата здравствена состојба. Кои се најчестите грешки што секојдневно се прават?
Прескокнување на појадокот
Најважен оброк во текот на денот е токму појадокот. Во текот на спиењето, метаболизмот се забавува и кога ќе се разбудиме, потребно е да внесеме храна за негово повторно раздвижување. По повеќечасовно спиење на организмот му е потребна храна, а ако појадокот се прескокне, нашето тело нема да има доволно енергија за вообичаените активности.
Недостаток на квалитетен сон
На повеќето луѓе им се потребни седум до осум часа спиење за да можат нормално да функционираат, додека на некои им се доволни и пет часа добар сон. Кога недоволно спиеме, се засилува нервозата, се зголемува чувството за глад и луѓето се дебелеат. Со ова се зголемуваат можностите за заболување од кардиоваскуларни болести.
Преголемо внесување на шеќери
Ако редовно консумирате газирани сокови, шејкови или кафиња збогатени со разновидни преливи, внесувате и до 1.000 калории повеќе од вообичаеното. Можете да се ограничете на консумирање на еден до два од омилените напитоци.
Пушење цигари
Последиците од оваа навика се сериозни по здравјето, од зголемен ризик за заболување од рак на белите дробови преку проблеми со импотенцијата и зачнувањето до предвременото стареење на организмот.
Избегнување посета на доктор
Никој не сака да оди на лекар, но превентивните прегледи можат да ве поштедат од непријатни и несакани компликации до кои може да дојде ако сам си играте свој доктор, трагајќи по одговори на интернет.