“Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. Голманите тоа веднаш го забележаа затоа што живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и ја реши работата”, рече Жозе Мурињо.
Пред почетокот, нашите ги заменија головите, но не е познато дали намерно се направени пониски головите или тоа е случајна грешка.
Во натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Шкендија му зададе достоен отпор на големиот фаворит, а до дваесетина минути пред крајот имаше и нерешен резултат.
Шкендија загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“
https://www.instagram.com/p/CFiG6R6ppon/