Цените на нафтата на светските пазари паднаа во петокот поради страв од влошување на американско-кинеските односи.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ беше пониска за 34 центи и сега е 34,95 долари за барел.
Во Њујорк, барел лесната сурова нафта падна за 12 центи и сега изнесува 33,59 долари.
Од почетокот на годината, цените на нафтата паднаа за повеќе од 40 проценти, поради намалената побарувачка на гориво, среде напорите да се ограничи патувањето и да се забави ширењето на коронавирусот.
Влошувањето на американско-кинеските односи околу новиот закон за безбедноста во Хонг Конг дополнително ја загрозува ситуацијата на пазарот на енергенси.