Порталот The Next Web донесе неколку нови интересни податоци за биткоинот.
Вчера се извршени 273.595 трансакции во кои биткоинот е користен како валута.
Вкупно, во моментов има 13.439 лица кои се “биткоин милионери”, односно тоа е бројот на адреси на кои се наоѓаат биткоини во вредност поголема од милион долари.
Се проценува, дека вчера биле потрошени 161 милиони киловат-часови електрична енергија на биткоини. На годишно ниво, тоа би изнесувало 59 терават-часови, што е еквивалентно на потрошувачката на електрична енергија во Израел.
Во моментов, за биткоин се троши енергија која изнесува 0.26 проценти од вкупната потрошувачка на енергија ширум светот.