Јужнокорејската фабрика за мобилни телефони на Samsung во Кина е затворена за да се дезинфицира откако еден работник бил заразен со коронавирус.
Како што соопштила компанијата планирано е фабриката повторно да работи во понеделник.
Работниците кои биле во контакт со заразениот колега доброволно се пријавиле во карантин, тврди Samsung, додавајќи дека не очекува нарушување во производството на паметни телефони.
Досега две лица починаа во Јужна Кореја од коронавирусот, а потврдени се 433 случаи на заразени.