Првиот словенечки сателит, по седуммесечно одложување, ќе биде лансиран на 23 март, објави Универзитетот во Марибор и Центар Весоље-СЛ.
Сателитот, наречен Trisat и Nemo HD, е тестиран минатата недела во Брно, а специјален тим ги проверил батериите на сателитот и ги дополнил, пренесува STA.
Унапреден е и софтверот на сателитот, се вели во соопштението, додавајќи дека сателитот ќе биде интегриран во ракетата Vega во Француска Гвајана.
Се објаснува и дека проблемите со ракетата била причината зошто досега било одложено лансирањето.