Кошаркарската НБА икона, Коби Брајант (41), наводно, загинал во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, во неделата.
Први објавија американските таблоиди TMZ и ABC 7 во кој се вели дека Коби бил во неговиот приватен хеликоптер со уште неколку други кога се урнал.
Противпожарната служба во округот Лос Анџелес соопштила дека најмалку пет лица загинале во несреќата.
„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница.