Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.-31.12.2019 година вкупниот промет изнесувал 7.700.625.682 денари и е намаленен во однос на претходната година за 26,06 отсто.
Класичното тргување изнесува 4.211.358.704 денари и е намалено во однос на лани за 13,86 отсто кога изнесувало 4.889.152.889 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 3.819.148.938 денари и обврзници во вредност од 358.856.286 денари.
Блок трансакциите изнесувале 2.466.611.817 денари и се намалени за 53,12 отсто во однос на лани.
Бројот на трансакции изнесувал 18.878 и е намален за 21,12 отсто во однос на претходната година кога изнесувале 23.932.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за 2019 година се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и на третото место е Макпетрол АД Скопје.
Годишниот статистички билтен за 2019 година можете да го погледнете тука.