Инфлацијата во април, во однос на март 2024 година порасна за 0.7 %, а на годишно ниво бележи зголемување од 4.0 %.
Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспорт за 2.8 %, комуникации за 1.6 %, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0.9 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.6 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 % и здравје за 0.2 %.

