Крадец во австралиски Квинсленд украл банкомат од трговски центар со помош на багер.
Прво ги скршил стубовите, а потоа го земал банкоматот. Сцената е снимена од надзорна камера.
„Возачот го користел натоварувачот за да го собере банкоматот и го напуштил местото“, соопштија од полицијата.
Багерот и банкоматот подоцна се пронајдени во близина на основно училиште, а полицијата сè уште трага по крадецот.