Француската министерка за европски прашања Амели де Моншален изјави дека веќе нема преговори за крајниот датум за излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари и дека сè уште постои ризик од Брегзит без договор.
Како што синоќа пренесе Associated Press, таа за Radio Europe 1 изјави дека ги советува француските компании да се подготват за сценарио во кое Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор.
Де Моншален го бранеше ставот на Франција дека Велика Британија нема да го продолжува рокот за Брегзит, бидејќи францускиот деловен свет и семејствата бараат „јасност“ по тоа прашање.
Сепак, ЕУ го продолжи рокот за Брегзит до 31 јануари следната година.
Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја извади Британија од ЕУ на 31 октомври со или без договор, но парламентот го отфрли тој негов план. Предвремените избори во Велика Британија се закажани за 12 декември.